Европскиот Парламент смета дека нема доволен напредок во Унгарија во владеење на правото

Од:

Европратениците денеска дискутираа за ситуацијата во Унгарија, за која дел од ЕУ фондовите се условени со напредок во областа на владеењето на правото.

На дебатата преовлада ставот кај водечките европратеници дека Унгарија сѐ уште не ги исполнува условите за ослободување на средствата.

-Сакаме да видиме целосно усогласување на Унгарија со 17-те мерки кои се заложи дека ќе ги исполни. Ако потфрли, очекуваме Советот да замрзне дел од финансирањето наменето за Унгарија од ЕУ буџетот, изјави известувачот Петри Сарвама.

Унгарија и Европската комисија пред два месеца постигнаа договор Будимпешта да исполни услови за да добие зелено светло од Советот на ЕУ за деблокирање на наменетите фондови.

Сарвама изјави дека условеноста на буџетот на ЕУ со механизмот за владеење на правото е “важен тест“ и побара од Европската комисија да не ги ослободува финансиите.

Европратениците порачаа дека ги разгледале сите 17 мерки и оценија дека само две би можеле да се задоволителни, а само три се применети.

-Да поедноставиме, Орбан не испорачува во механизмот за условеност, така што ја повикуваме Европската Комисија да ја примени регулативата правилно и да продолжи да го штити ЕУ буџетот, и да го задржи предлогот за замрзнување на ЕУ фондовите, изјави ко-известувачот, Еидер Рубиал.

В понеделник на пленарната седница во Стразбур европратениците ќе разговараат за состојбата на преговорите меѓу Унгарија и Европската Комисија, а се очекува гласање на резолуција в четврток.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот