Европскиот парламент се залага за универзален полнач за преносливи уреди

Од:

Европскиот Парламент е подготвено да започне преговори за универзален полнач за да се намали електронскиот отпад и да се оптимизира употребата на различни видови преносливи уреди, јави дописникот на МИА.

Комитетот за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите го усвои својот став за ревизија на Директивата за радио опрема на 20 април, а пленарната сесија го потврди преговарачкиот мандат на Парламентот. Парламентот сега е подготвен да влезе во преговори со владите на ЕУ за конечната форма на законодавство.

Новите правила ќе осигурат дека на потрошувачите повеќе нема да им треба нов полнач и кабли секој пат кога ќе купат нов пренослив уред и ќе им овозможат да користат само еден полнач за сите нивни мали електронски гаџети со средна големина. Мобилните телефони, таблетите, дигиталните фотоапарати, слушалките, преносливите конзоли за видео игри и преносните звучници треба да имаат УСБ-Ц влез, без разлика на брендот, освен направените уреди премногу мали за овој тип на приклучоци, како што се паметните часовници, здравствените и спортски уреди за следење.

Ревизијата на оваа директива е дел од пошироката акција за да се направат производите пласирани на пазарот на ЕУ, особено електронските уреди, поодржливи и да се намали електронскиот отпад.

Европратениците, исто така, сакаат повеќе јасни информации и етикети кои укажуваат на опциите за полнење и дали се нуди полнач со новиот уред кога ќе се купи. Ова ќе избегне забуна и ќе ги поедностави одлуките за купување за потрошувачите кои често веќе поседуваат неколку електронски уреди и не им требаат дополнителни полначи.

Со оглед на сè пораспространетата практика на безжично полнење, европратениците, исто така, ја повикуваат Европската комисија да претстави стратегија до крајот на 2026 година која гарантира минимално ниво на интероперабилност за сите нови решенија за полнење. Целта е да се избегне понатамошна фрагментација на пазарот, да се продолжи со намалување на штетниот отпад за животната средина, да се осигури дека решенијата за полнење се погодни за потрошувачот и да се избегнат заклучувачките ефекти создадени од зависноста од потрошувачот во однос на еден производител.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска