Европскиот парламент пак заседава во Стразбур, за првпат откако почна пандемијата

Од:

Европскиот парламент ја отвори својата прва пленарна седница во Стразбур од почетокот на пандемијата Ковид-19, по повеќе од 15 месеци, иако со помалку европарламентарци, но овој потег се смета успех за Франција, која се бори да го задржи градот како место за заседавање на ЕП, заедно со Брисел.

– Ова е многу важен ден за Европскиот парламент. По повеќе од 15 месеци се вративме во седиштето во Стразбур. Ова враќање е знак на доверба и надеж за сите, изјави на француски јазик претседателот на ЕП, Италијанецот Давид Сасоли, добивајќи аплауз од десетици европратеници, главно Французи.

Ниту една седница на Европскиот парламент не се одржа во Стразбур од февруари 2020 година, кога Алзас беше на првиот удар на пандемијата.

Враќањето е во форма на хибридна сесија, бидејќи 705 европарламентарци можеле да изберат да дојдат во Стразбур или да гласаат онлајн од нивната земја, за што се определиле голем дел од нив.

Иако хибридните седници се одржуваат повеќе месеци од Брисел, француските власти силно инсистираа тие да бидат вратени во Стразбур.

Како симбол на француско-германското помирување, главниот град на Алзас е официјално седиште на Европскиот парламент, а тоа е запишано во европските договори.

Меѓутоа, во пракса, европратениците, дури и пред Ковид-19, доаѓале во Стразбур три и пол дена месечно за пленарни седници. Остатокот од времето, парламентарците работеле во Брисел, каде се наоѓаат другите европски институции. Околу овие месечни преместувања меѓу Брисел и Стразбур се дискутира со години.

Би можело да ве интересира

МНР: Реагиравме до Европскиот парламент и грешкта е коригирана

Фон Крамон: Киев ќе ги добие ветените 50 милијарди евра

Европскиот парламент изгласа резолуција против Србија

Европските парламентарци бараат Србија да го екстрадира Милан Радоичиќ на Косово

А1он

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го одложи гласањето за извештајот за Македонија

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска