Европскиот Парламент изгласа уште десет години роаминг без дополнителни трошоци за земјите членки на ЕУ

Од:

Европскиот парламент изгласа закон, со кој потрошувачите ќе можат и во следните десет години да го користат својот мобилен телефон кога патуваат во ЕУ без дополнителни трошоци од тој што веќе го плаќаат дома, јави дописникот на МИА.

Дополнително, потрошувачите ќе имаат право на ист квалитет и иста брзина на мобилно поврзување во странство како и дома. Давателите на роаминг ќе бидат обврзани да понудат ист квалитет на роаминг како оној што се нуди на национално ниво, доколку се достапни исти услови на мрежата во посетената земја. За време на преговорите со С оветот, европратениците успеаја да добијат одредба во новите правила со која се забрануваат практики кои го намалуваат квалитетот на услугите во роаминг (на пример со префрлување од 4Г конекција на 3Г).

Патниците и лицата со посебни потреби ќе имаат корист од пристапот до службите за итни случаи без дополнителни трошоци, без разлика дали се работи за повик или СМС, вклучувајќи го и преносот на информациите за геолокација на лицето кое се јавува. Операторите исто така ќе треба да дадат информации за европскиот број за итни случаи 112.

За време на дискусиите со министрите на земјите-членки, европратениците повикаа на прекин на доплатите за повици во ЕУ (на пример кога се јавуваат во Франција од Белгија), бидејќи на потрошувачите им е тешко да направат разлика меѓу повиците во роаминг и повиците во ЕУ. Трошоците за разговори внатре во ЕУ сега се ограничени на 19 центи за минута. Овој договор ја повикува Комисијата да го испита ова досие и да процени дали се неопходни дополнителни намалувања на горните граници.

Цените на големо за услугите во роаминг – цените што операторите си ги наметнуваат еден на друг кога нивните клиенти користат други мрежи – ќе бидат ограничени на две евра по гигабајт од 2022 година, а постепено ќе се ревидираат со падови до едно евро во 2027 година. Доколку потрошувачите во роаминг ги надминуваат границите утврдени во нивниот договор, секој дополнителен данок не може да ја надмине границата на големопродажната цена за услугите во роаминг.

Законот, усвоен со 581 глас „за“, два „против“ и пет воздржани, сега треба и формално да биде одобрен од Советот за да стапи во сила.

Регулативата за роаминг го воспостави системското правило за „роаминг по национални тарифи“ со што ги прекина доплатите за роаминг на мало од 15 јуни 2017 година во ЕУ. Регулативата е во сила до 30 јуни 2022 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МНР: Реагиравме до Европскиот парламент и грешкта е коригирана

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ