Европскиот парламент изгласа едногодишна суспензија на царините на стоки од Украина

Од:

Европскиот парламент денеска гласаше за едногодишна суспензија на царините за увоз на стоки од Украина со цел да се поддржи економијата на таа земја зафатена од војна.

За оваа привремена мерка гласаа 515 пратеници во Европскиот парламент, 32 беа против, а 11 воздржани.

Мерката опфаќа суспензија на царините за увоз на индустриски производи, овошје, зеленчук и челик.

ЕУ е најважниот трговски партнер на Украина, со учество од над 40 отсто во нејзината минатогодишна трговија. Пред војната, Украина беше 15-ти најголем трговски партнер на ЕУ, со учество од околу 1,2 отсто во нејзината трговија.

Во 2016 година, ЕУ и Украина потпишаа договор за придружување со цел отворање на украинските пазари и продлабочување на врските на земјата со Европа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кулеба го повика Западот да испрати системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина

Горан Наумовски

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Политико: На Украина очајно и требаат војници

(ВИДЕО) Силни експлозии во Киев

Горан Наумовски

Одеса остана без струја, цел беше и регионот на Миколаев

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он