Европскиот Парламент бира европски правобранител

Од:

Европратениците денеска во втор круг гласаат за идниот медијатор (или медијаторка) на Европската Унија, фаворит е сегашната бранителка на правата на европските граѓани, Емили О’Рајли.

О’Рајли вчера во првиот круг освои мнозинство гласови од европските пратеници, но не доволно за да спречи одржување на втор круг, кој се одржува денеска. По потекло од Ирска, сегашната медијаторка остави позитивен впечаток во голем број политички групи, благодарение на нејзината реактивност во европските досиеја, како случајот со поранешниот генерален директор на Европската Комисија, Мартин Селмаер, но и бројните иницијативи за поголема транспарентност на институциите на ЕУ.

Спроти нејзе, во трката се естонска судијка, Јулија Лафранк, поранешната шведска европратеничка, Сесилија Викстром како и поранешниот комесар за човекови права на Советот на Европа, Нилс Муижниекс.

Со освоени 295 гласови во Европскиот Парламент, О’Рајли има големи шанси да однесе убедлива победа денеска. Доколку не освои апсолутно мнозинство ќе се одржи трет круг помеѓу двајцата фаворити.

-Гласањето го отсликува фактот што Парламентот сака медијатор со широка визија на неговата улога, отворен, модерен и ангажиран за европските граѓани, се надевам дека моите постигнувања и искуство ќе влијаат врз конечното гласање, се заблагодари О’Рајли.

Европскиот медијатор е независно тело кое има задача да бара одговорност од ЕУ институциите и да го контролира доброто владеење и администрација на институциите на ЕУ. Граѓаните на ЕУ можат директно да се обратат до правобранителот доколку сметаат дека поради лоша работа на администрацијата биле повредени нивните права. Медијаторот има права да отвора истраги и да формулира препораки до европските институции.

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција

Ана Ололовска

ЕП и ЕУ усвоија „Механизам за прилагодување на границите на јаглеродот“

Ана Ололовска