Европскиот буџет за хуманитарна помош ќе изнесува 1,5 милијарда евра за 2022

Од:

Европската комисија го усвои годишниот буџет за хуманитарна помош, тој изнесува 1,5 милијарди евра од кои 152 милиони за Балкан, Украина, Кавказ и Турција, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската комисија смета дека со 1,5 милијарди евра алоцирани за хуманитарна помош, Европа ќе биде водечка сила во оваа област во време кога хуманитарните кризи се множат, како поради природни фактори така и поради човечки.

-Хуманитарните потреби се на највисоко ниво и ќе продолжат да растат. Ова пред сѐ се должи на конфликти но сѐ повеќе и на глобални предизвици како климатските промени и Ковид-19. Нашиот хуманитарен фонд ќе овозможи ЕУ да го направи своето и да продолжи да спасува животи и да ги покрива основните потреби на засегнатите, изјави Јанез Ленарчич, еврокомесар за хуманитарна помош.

Тој додаде дека со овој буџет Европската Комисија ќе биде во можност да одговори на акутните кризи како и на долготрајните од типот на Јужен Судан, Колумбија и Рохингите во Мјанмар.

Буџетот за 2022 е поделен на повеќе географски области. Балканот заедно со Кавказот, Украина и бегалците во Турција ќе добијат 152 милиони евра за разни проекти.

Најголем дел од буџетот се алоцира за супсахарска Африка со 469 милиони евра, и 352 милион евра за Блискиот Исток и Северна Африка. Азила и Јужна Америка ќе добијат околу 188 милиони евра, и конечно Европската Комисија задржува 370 милиони евра за непредвидливи кризи и катастрофи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески