Европски суд на правда: Унгарија го прекрши правото на азил

Од:

Европскиот суд на правдата денеска ја осуди Унгарија за кршење на правото на азил со воспоставување „транзитни зони“ на границата со Србија.

Судот смета дека „ограничувањето на пристапот до постапката за меѓународна заштита, нерегуларно задржување на подносителите во транзитните зони, како и враќањето во пограничната зона на државјани од трети земји со нерегулиран статус со непочитување на гаранциите во врска со постапката за враќање, претставуваат кршење на законите на Унијата, се вели во соопштението.

Судот во мај побара ослободување на барателите на азил од камповите во транзитните зони на границата со Србија, проценувајќи дека тие биле приведени без валидна причина. Тоа ја поттикна Унгарија да ги евакуира тие контроверзни кампови.

„Транзитните зони“ Роска и Томпа беа поставени откако Унгарија постави огради со бодликава жица долж границата со Србија и Хрватска во 2015 година за време на миграциската криза.

Би можело да ве интересира

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон