Европски шампион загина во Украина: Од боксерскиот ринг отиде во првата линија, загина по тешки борби!

Од:

На бојното поле во Украина загина Максим Галинчев, поранешниот европски шампион во бокс. Според западните медиуми, овој 22-годишник бил ранет двапати на бојното поле пред да загине во борбите околу Луганск. Тој, наводно, загинал на 10 март во тешки борби во украинската 25-та Сичеславска воздухопловна бригада.

Галинчев го освои златото за Украина во 2017 и 2018 година на Европското првенство за младинци. Тој беше и натпреварувач на Летните младински олимписки игри во 2018 година. Антон Грашенко од Министерството за надворешни работи на Украина ја потврди веста за смртта на Галинчев.

„Вечна слава на нашиот херој“, напиша Герашенко, а поради смрта на младиот боксер се огласи и Боксерската асоцијација на Велика Британија: „Сите во Боксерската асоцијација на Велика Британија се тажни поради веста за смртта на 22-годишниот Украинец европскиот шампион Максим Галинчев“ во соопштението.

Максим Галинчев не е единствениот украински спортист кој се борел на бојното поле, а од боиштето редовно се јавуваат и најголемите легенди на украинскиот бокс, браќата Владимир и Виталиј Кличко.

Би можело да ве интересира

Пригожин не застанува со критики: „Факции во Кремљ ја уништуваат руската држава“

Ана Ололовска

Сијарто: Војната во Украина не може да се реши на бојното поле, тоа конечно треба да го сфатат сите

Ана Ололовска

Лукашенко: Направивме само една грешка, требаше да ја докрајчиме Украина пред девет години

Ана Ололовска

Две лица загинаа во гранатирањето на регионот Белгород

Ана Ололовска

Русија: Ќе се вратиме во СТАРТ доколку САД го сменат непријателскиот став

Ана Ололовска

Украинската нуклеарна централа веќе три месеци е без резервно напојување

Ана Ололовска