Европската Унија и Русија се длабоко загрижени и повикуваат на воздржаност во Појасот Газа

Од:

Европската Унија со голема загриженост го следи насилството во Појасот Газа и ги повикува сите страни на максимална воздржаност за да се избегне понатамошна ескалација, изјави Петар Стано, портпаролот на шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

„Израел има право да го заштити своето цивилно население, но мора да се направи сè за да се спречи поширок конфликт, кој првенствено ќе влијае на цивилното населени на двете страни и ќе доведе до нови жртви и страдања”, посочи Петер Стано во изјавата. .

Тој нагласи дека насилството веќе резултирало со неколку жртви, меѓу кои и едно петгодишно девојче.

Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека во израелските воздушни напади загинале 13 лица, а 114 се ранети, но не е прецизирано колку цивили има меѓу жртвите.

„Овие последни настани повторно ја нагласуваат потребата од обновување на политичкиот хоризонт”, рече портпаролот.

Израелската армија денеска соопшти дека се подготвува за напади кои ќе ги изведува една недела во Појасот Газа против Исламски џихад.

Како што наведе, 15 борци на таа организација веќе се убиени во воздушни напади, кои почнаа во петокот попладне, во кои, меѓу другото, беа гаѓани и места каде се произведува оружје.

Тоа е најголемиот конфликт меѓу Израел и организациите во Газа од војната во мај 2021 година во која загинаа 260 луѓе на палестинска и 14 на израелска страна.

И Русија денеска објави дека е длабоко загрижена за насилството и жртвите во Појасот Газа.

„Со длабока загриженост го набљудуваме развојот на настаните кои би можеле да доведат до продолжување на воениот конфликт од целосен обем и дополнително да ја влошат и онака тешката хуманитарна ситуација во Газа”, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, повикувајќи ги сите страни на максимална воздржаност.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он