Европската унија блокираше огромна сума пари на руската централна банка

Од:

Поради руската инвазија на Украина, Европската унија ги блокираше средствата и резервите на руската централна банка во вредност од над 200 милијарди евра.

Бројката се базира на извештаите на земјите-членки на ЕУ доставени до Европската комисија, изјави денеска во Брисел портпаролот на ЕК. ЕУ ги замрзна средствата на руската централна банка како дел од санкциите наметнати на Русија поради нејзината инвазија на Украина.

Забранети се сите трансакции поврзани со управувањето со резервите и средствата на руската централна банка, која поради тоа повеќе нема пристап до нејзините средства во централните банки и приватните институции во Европската унија, потсетува ДПА.

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Британија: Русија сè уште не почнала сериозно да војува во Украина

Русија уништи неколку беспилотни летала кои се упатија кон нафтена рафинерија, соопштија властите

Горан Наумовски

Русите синоќа со дронови масовно го нападнаа Киев, едно лице загина

(ВИДЕО) Украина ќе добие моќно оружје: Може да уништи бункери длабоко под земја

Горан Наумовски

Руските воени сили уништија две ракети од типот Storm Shadow

Украина ја призна својата улога во нападот на Кримскиот мост

Горан Наумовски