Европската комисија предлага земјите од ЕУ да ги олеснат рестрикциите за патувања

Од:

Европската Комисија попладнево поднесе предлози до земјите членки на ЕУ за да се поедностават и олеснат процедурите за патување за време на туристичката сезона летово, јави дописничката на МИА од Брисел.

Еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс, од прес салата во Брисел порача дека е важно земјите членки да заземат координиран пристап, во што Европската Комисија е подготвена да помогне.

Конкретно, европската извршната власт препорачува земјите членки да укинат секакви рестрикции за лицата кои се целосно вакцинирани или кои имаат доказ дека прележале Ковид-19.

Целосно вакцинирано лице е лице кое ја примило последната доза пред 14 дена минимум.

Што се однесува до другите, нецелосно вакцинирани граѓани, Европската Комисија смета дека мерките за патување треба да бидат адаптирани.

За лицата кои доаѓаат од зелена зона, односно со лесна епидемиолошка состојба, не треба да има рестрикции. За лицата од портокалова зона треба да се побара само тест, додека за луѓето кои доаѓаат од црвена зона, Комисијата смета дека е во ред да се побара карантин освен доколку лицето пристигне на граница со негативен тест, направен непосредно пред патувањето.

Само за лицата кои доаѓаат од темно црвени зони, оние со најтешки епидемиолошки состојби, карантинот би требало да остане задолжителен.

Европската Комисија исто така бара од земјите членки на ЕУ да не бара дополнителни информации и услови од граѓаните кои имаат ЕУ Ковид сертификат.

-Последните недели донесоа постојан пад на стапките на инфекција што покажува дека кампањите на вакцинација се успешни во ЕУ. Паралелно исто така охрабруваме да има достапни и евтини можности за тестирање. Во овој контекст, земјите членки полека ги укинуваат рестрикциите за Ковид-19 дома и во однос на патувањата. Денеска предлагаме земјите членки да ги координираат овие постепени укинувања на слободното движење и да ја земат предвид заедничката алатка: дигиталниот ЕУ сертификат за Ковид, изјави Рејндерс.

Би можело да ве интересира

ЕУ ќе и дава на Украина три милијарди евра профит годишно од замрзнатите руски фондови

Горан Наумовски

ЕК: Проширената ЕУ да не носи со себе нови предизвици во форма на нерешени билатерални спорови

ЕУ ги релаксира строгите климатски правила за да го смири гневот на земјоделците

Горан Наумовски

Европската Комисија препорача отворање на преговорите со Босна и Херцеговина

Брисел официјално предложи вклучување на обврските од Охридскиот договор во рамките на преговорите за членство на Србија во ЕУ

Горан Наумовски

Маричиќ гледа позитивно на извештајот од ЕК: Имаме напредок во 80 отсто од поглавјата, не е нотирано назадување