Европската комисија предлага итна помош од над милијарда за Украина

Од:

Европската комисија предлага да итна макрофинансиска помош во износ од 1,2 милијарди евра за Украина откако претседателката фон дер Лајен разговараше со украинскиот претседател, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Предлогот за да се оствари треба да биде усвоен од страна на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент.

Европската комисија нуди долгорочни заеми со поволни услови за Украина кои треба да се искористат за макроекономска стабилизација на земјата во контекст на “геополитичката неизвесност“ во која се наоѓа земјата поради конфликтот со соседна Русија.

Комисијата бара од Советот и Парламентот брзо да го усвојат овој предлог за да може веднаш првата транша од 600 милиони евра да и биде ставена на располагање на Украина, додека втората транша ќе биде условена со неколку критериуми.

Од 2014 Европската унија и помогнала на Украина со повеќе од 17 милијарди евра во облик на заеми и грантови, од кои пет макрофинансиски програми за спроведување на реформите поврзани со владеењето на правото, борбата против корупцијата и подобрувањето на бизнис климата.

Со овој предлог Европската комисија сака да испрати сигнал дека ја поддржува Украина во овој период на тензии со Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство

Русите прават голем напредок во источна Украина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски