Европската комисија очекува уште поголем скок на новите случаи во следните недели

Од:

Податоците од Центрите за контрола и превенција на болести во земјите-членки на Европската унија покажуваат дека коронавирусот брзо се шири низ цела Европа, и ние сме длабоко во вториот бран. Во моментов, сè повеќе луѓе се заразуваат, изјави шефицата на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен.

– Очекуваме овие бројки да се зголемат во следните две до три недели и тоа да се зголемат бргу, рече таа.

Фон дер Лајен, поддржана од својот научен советник Питер Пајот, рече дека ќе ги повика лидерите на земјите-членки да обезбедат подобро споделување на податоците преку платформата формирана од Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

– Ова ќе ни помогне да разбереме, на пример, каде може да се организира капацитет за интензивна нега или прекугранична нега на пациенти кога е потребно, рече таа.

Германија веќе започна да прима пациенти од преполни болници во Белгија и Холандија.

Фон дер Лајен, која е епидемиолог пред да влезе во германската политика, рече дека ќе воспостави платформа за национални научни советници од 27-те земји-членки на ЕУ да ги споделат своите планови.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

ЕУ ќе и дава на Украина три милијарди евра профит годишно од замрзнатите руски фондови

Горан Наумовски

ЕК: Проширената ЕУ да не носи со себе нови предизвици во форма на нерешени билатерални спорови

ЕУ ги релаксира строгите климатски правила за да го смири гневот на земјоделците

Горан Наумовски

Европската Комисија препорача отворање на преговорите со Босна и Херцеговина

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа