Европската комисија обезбедува 60.000 билети за патување за млади Европејци

Од:

Благодарение на DiscoverEU, Европската комисија ќе им обезбеди бесплатни блети за патување на 60.000 Европејци на возраст од 18 до 20 години. За билетите ќе се кандидираат малдите лица од утре до 26 октомври напладне, за период на патување во 2022 година, што ќе биде Европска година на младоста, објави ЕК.

Комесарот за иновации, истражување, култура, образование и млади, Марија Габриел, рече: Многу сум задоволна што отворам нова рунда на иницијативата DiscoverEU, во која 60.000 млади луѓе ќе имаат можност да го искусат богатството на нашиот континент. Во контекст на Европската година на младоста, иницијативата DiscoverEU се враќа со поголеми амбиции за младите луѓе, да ги прошират своите хоризонти и знаења, да стекнат нови искуства и да запознаат други Европејци додека патуваат со воз од март 2022 година натаму.

За аплицирање може да се пријават млади Европејци родени помеѓу 1 јули 2001 година и 31 декември 2003 година. Исклучок се и 19 и 20-годишни кои исто така можат да аплицираат откако рундите за пријавување беа одложени поради пандемијата.

Билетите ќе може да се искористат помеѓу март 2022 и февруари 2023 година од 1 до 30 денови.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски