Европската комисија не поддржува „имунолошки пасоши“

Од:

Европската комисија смета дека принципот на „имунолошки пасоши“ за преминување граници не е ефикасен во борбата со коронавирусот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Одговарајќи на новинарско прашање на оваа тема, еврокомесарката за здравство, Стела Кириакидес, порача дека нема убедливи научни докази за ваков вид решенија.

-Нема научни веродостојни докази да се поддржат имунолошките пасоши или серолошките тестови за да се утврди дали некој има Ковид-19 пред патување, рече еврокомесарка.

Иако Европската комисија не може да им забрани на земјите членки на ЕУ да воведат ваква мерка, комесарката за здравство нагласува дека и Европскиот центар за контрола на болести и Светската здравствена организација веќе појасниле дека ова решение содржи ризик.

-Некој може да биде негативен, да патува и да се зарази отпосле, потребно е да знаеме кои мерки постојат кога некој влегува во некоја земја за да можеме да одговориме ефикасно и транспарентно, што значи дека е важен капацитетот на здравствениот систем, тестирањето и следењето на контактите, информациите се клучни во смисла на преминување во следната фаза, рече комесарката.

Би можело да ве интересира

ЕУ ќе и дава на Украина три милијарди евра профит годишно од замрзнатите руски фондови

Горан Наумовски

ЕК: Проширената ЕУ да не носи со себе нови предизвици во форма на нерешени билатерални спорови

ЕУ ги релаксира строгите климатски правила за да го смири гневот на земјоделците

Горан Наумовски

Европската Комисија препорача отворање на преговорите со Босна и Херцеговина

Брисел официјално предложи вклучување на обврските од Охридскиот договор во рамките на преговорите за членство на Србија во ЕУ

Горан Наумовски

Маричиќ гледа позитивно на извештајот од ЕК: Имаме напредок во 80 отсто од поглавјата, не е нотирано назадување