Европската комисија испраќа нови 70 милиони евра за Јемен

Од:

За Јемен, една од најсиромашните земји на светот, која освен со граѓанска војна се соочува и со пандемијата од Ковид-19, Европската комисија денеска најави дополнителни 70 милиони евра помош за земјата, јави дописничката на МИА од Брисел.

Од овие средства, повеќе од половина ќе бидат наменети за борбата против новиот коронавирус, соопшти ЕК.

– Во овие тешки времиња, ЕУ продолжува да им помага на најранливите во Јемен. ЕУ испорачува витална помош како храна, вода, засолништа и хигиенски пакети за милиони Јеменци загрозени од кризата, рече комесарот за хуманитарна помош, Јанез Ленарчич, и побара веднаш да се суспендираат сите рестрикции кои спречуваат хуманитарната помош да стигне до лицата на кои им е потребна.

Освен пандемијата, Јемен се соочува со глад, кој посебно ги погодува децата. Војната во Јемен предизвика длабока хуманитарна криза низ целата земја, која само се продлабочува со појавувањето на новиот коронавирус.

Европската комисија исто така ги повика уште еднаш сите страни инволвирани во конфликтот да седнат на преговарачка маса под покровителство на Обединетите нации и да постигнат траен и одржлив мир.

Од почетокот на војната во Јемен во 2015, одвоени се 822 милиони евра од ЕУ за оваа земја за хуманитарна помош и развој.

Би можело да ве интересира

Жесток напад на САД и Британија на неколку градови во Јемен, има мртви

Катерина Ѓуровски

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“

Нови напади во Јемен, експлозија во Црвеното Море: Погоден американски брод

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Одмазда за погодениот танкер: американско-британски воздушен напад врз важно пристаниште во Јемен

Јеменските бунтовници се заканија: Американските и британските воздушни напади „нема да останат без одговор“