Европската Комисија бара буџетска флексибилност и во 2022 за ЕУ

Од:

Европската Комисија предлага да се продолжат правилата за буџетска флексибилност и во 2022.

Економската криза предизвикана од коронавирусот изискува уште буџетска помош за земјите членки на ЕУ, смета Европската Комисија и денеска им предложи на владите да дадат согласност за уште една година флексибилност.

Во ЕУ правилата ги обврзуваат земјите членки да го задржат јавниот дефицит под три отсто, а долгот под 60 отсто од бруто домашниот производ, но поради економската криза Европската Комисија минатата година ги олесни овие правила.

Денеска оцени дека релаксацијата и помошта за државите треба да продолжи уште една година за да се избегне поголема штета. Земјите членки се договорија и за посебна помош во облик на заеми во име на ЕУ кога се гласаше седумгодишниот буџет.

Европската Комисија смета дека не треба враќање на старо пред 2023, но крајната одлука ја носат земјите членки на ЕУ, што значи дека повторно ќе се отвори буџетска дебата помеѓу владите.

Би можело да ве интересира

ЕК сака да воведе европски стандард за заштита на новинарите

Ана Ололовска

Европа ја заслужува софата на Ердоган

Ана Ололовска

Анкара тврди дека распоредот на седиштата бил по барање на ЕУ, ЕУ не коментира

Ана Ололовска

Мамер: Фон дер Лајен беше изненадена од протоколот кај претседателот Ердоган

Ана Ололовска

ВИДЕО: Фон дер Лајен остана без столче на средбата со Ердоган

Ана Ололовска

ЕК: С. Македонија нѐ информираше дека не ги исполнува критериумите за Солидарниот фонд

Ана Ололовска