Европол: Во Шпанија откриена печатница за фалсификувани документи

Од:

Припадниците на шпанската национална полиција и полицијата на Барселона, со поддршка од Европол разбија организирана криминална група која се занимавала со имотни деликти, илегална имиграција и изработка на фалсификувани документи.

Криминалната мрежа била вклучена во фалсификување и дистрибуција на документи, а исто така тргувала и со оригинални документи, украдени во Шпанија, кои ги користеле луѓе со слични физички карактеристики од земјите од Блиски Исток, со цел да го олеснат нивниот илегален влез во Европска Унија, се наведува во соопштението на Европол.

За време на полициската акција, спроведена во јули откриени се речиси 2.000 фалсификувани пасоши и лични карти од 56 различни националности, а запленети се околу 13.000 евра.

Печатницата за изработка на лажни документи била сместена во куќата на главниот осомничен во Барселона.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Исчезнаа тајните документи од Европол: „Ова е сериозен инцидент“

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

Низ светот местеле натпревари и мамеле обложувалници, Европол уапси 53 осомничени