Европол: Уапсени пет лица, конфискуван половина тон кокаин

Од:

Пет лица се уапсени и конфискувани околу половина тон кокаин и 520 грама кристал мет, скриени во кабина на брод кај Азурските Острови во Португалија, соопшти денеска Европол.

Седум куќи беа претресени како дел од истрагата.

Операцијата, предводена од шпанската полиција заедно со одделот за наркотици на Европол, пресретнала брод за кој се открило дека прво пловел од Валенсија кон Бразил, а потоа од Бразил до Азурските Острови.

Штом се усидрил бродот, португалската и шпанската полиција ги уапсила членовите на екипажот. Покрај дрогата, запленето е и оружје, пари и наутички материјал.

Уапсените се идентификувани како членови на меѓународна криминална група, која се занимавала со разни нелегални активности во Шпанија.

Во акцијата учествуваа и полицајци од Естонија, Холандија и Португалија.

Би можело да ве интересира

Во Португалија беснеат шумски пожари, во Лисабон е издадено црвено предупредување

Во Португалија свештеници злоставувале 4.800 деца, Папата се сретна со дел од жртвите

(ВИДЕО) Повеќе од 600 пожарникари го гаснат пожарот во Португалија

Почина бебе кое чекаше шест часа за да биде пренесено во друга болница

Четворица мртви во Португалија по кавга за гулаби

Горан Наумовски

ВИДЕО: Силни турбуленции, повредени 10 патници-снимка на летот над Лисабон

Предраг Петровиќ