Европол: Уапсени 101 лице поради криумчарење уметнички дела

Од:

Во рамки на глобална полициска акција спроведена во 103 земји, уапсени се 101 човек и пронајдени се 19.000 украдени археолошки и уметнички дела, соопшти  Европол.

Во операцијата наречена „Атина 2“ разбиена е мрежа за криумчарење  уметнички дела украдени од земјите погодени од војна, но и од музеи и археолошки наоѓалишта.

Меѓу пронајдените предмети има монети од различни периоди, керамички предмети, оружје, фосили и слики.

Во акцијата покрај Европол учествуваше и Интерпол, како и полицијата и царината на Авганистан, Шпанија, Колумбија, Аргентина и Литванија.

Би можело да ве интересира

Исчезнаа тајните документи од Европол: „Ова е сериозен инцидент“

Низ светот местеле натпревари и мамеле обложувалници, Европол уапси 53 осомничени

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

Орце Костов

Во акција на Балканот уапсени 382 лица, осомничени за трговија со луѓе, дрога и оружје

„Европол“: Драматично зголемување на нападите врз банкомати

Катрин де Бол: Трикратно зголемување на размената на информации меѓу Бугарија и Европол

А1он