Европол соопшти дека се уапсени седум опасни кибер-криминалци

Од:

Од февруари до денеска се уапсени седум кибер-криминалци поврзани со хакерската група Ревил, поради неколку илјади опасни кибер-напади, соопшти Европол.

Осомничените, од кои двајца биле приведени од романските власти на 4 ноември, се уапсени во рамките на операцијата Златна прашина, во која учествуваа Европол, Европравда и Интерпол, се вели во соопштението.

Групата Ревил минатиот месец беше принудена да се повлече од мрежата со координирана операција на САД и 16 други земји. Осомничените, наводно, изнудиле речиси 600 милиони долари од различни компании за да ги обноват нивните компјутерски системи откако ги хакирале.

Ниту еден од уапсените хакери не е идентификуван по име, но Европол соопшти дека двајца осомничени, за кои се верува дека се поврзани со Ревил, биле уапсени минатата недела поради вмешаност во напади кои им донеле околу 580.000 долари откуп.

Би можело да ве интересира

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Исчезнаа тајните документи од Европол: „Ова е сериозен инцидент“

Низ светот местеле натпревари и мамеле обложувалници, Европол уапси 53 осомничени

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Кинеските хакери имале пристап до одредена американска инфраструктура најмалку пет години

Кинески хакери нападнале стотици домашни рутери во САД и ги користеле за шпионирање