Европол предупредува на опасноста украинските бегалци да станат жртви на мрежите за трговија со луѓе

Од:

Европол предупреди на ризикот украинските бегалци да станат жртви на мрежите за трговија со луѓе во Европска Унија и ги повика земјите што ги примаат да бидат внимателни.

– Бројот на потенцијални жртви кои пристигнуваат од Украина може да ги привлече изолираните агресори и опортунисти кои се претставуваат како добронамерни, како и криминални мрежи специјализирани за трговија со луѓе, се наведува во соопштението на Европол.

Според Европол, најзагрижувачки се пограничните области, центрите за прифаќање и сместување бегалци и транспортните центри како што се железничките и автобуските станици.

– Источна Европа е клучен извор на жртви на трговија со луѓе кои се експлоатирани низ цела ЕУ. Тоа е и регион од каде доаѓаат членови на многу криминални мрежи, потсетува Европол.

Во соопштението се посочува и дела повеќето луѓе кои бегаат од Украина се жени, деца и ранливи групи на луѓе кои лесно можат да станат жртви на сексуална експлоатација и принудна работа и да бидат принудени на криминал и питачење.

Според денешните податоци на Обединети нации, речиси 3,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Исчезнаа тајните документи од Европол: „Ова е сериозен инцидент“

Низ светот местеле натпревари и мамеле обложувалници, Европол уапси 53 осомничени

Македонија учесник во операција предводена од Фронтекс, пронајдени 505 украдени автомобили, 16 чамци и 2.000 украдени делови за возила

Катерина Ѓуровски

Падна Един Тито Гачанин – мистериозниот босански нарко бос е уапсен во големата акција во Дубаи

Катерина Ѓуровски

Во акција на Балканот уапсени 382 лица, осомничени за трговија со луѓе, дрога и оружје

„Европол“: Драматично зголемување на нападите врз банкомати