Европол: Опасност за ЕУ од италијанската мафија

Од:

Полициската агенција на ЕУ – Европол ја претстави денеска Проценката од заканата на италијанскиот организиран криминал, во која е оценето влијанието на мафијашките структури во Италија врз Унијата.

Проценките во текот на две години ги правеле разузнавачките аналитичари на Европол и во нив се укажува како главните италијански групи – главно Коза ностра, Камора и Ндрангета, функционираат во светот, но го задржуваат „нискиот профил“ за да не биде откриено нивното присуство.

– Италијанските мафии се меѓу најопасните во Европа и за борба против нив потребен е сеевропски пристап. Ние за спроведување на законите треба да соработуваме, со цел да се сузбијат најопасните криминални групи, изјави директорот на Европол, Роб Вајнрајт.

Во соопштението на Европол се наведува дека главните криминални активности на овие групи се перење на пари и шверц со дрога, вклучени се и корупцијата, фалсификувањето и шверцот со отровен отпад.

Во време на економска криза, имотот кој го поседуваат организираните криминални групи им овозможува полесно вледување во легална економија и бизнис, на кој му е потребна ликвидност.

„Стратегијата на експанзија“ на криминалци подразбира дека тие сега се шират во деловите на Италија и Европа кои не биле погодени од организиран криминал, што може да причини долгорочна сериозна штета врз еконимијата на ЕУ.

Проценката од закани содржи и повеќе препораки за полициските и политичките власти, а Европол започна и еден проект посветен на борбата против италијанските криминални банди.

Би можело да ве интересира

Исчезнаа тајните документи од Европол: „Ова е сериозен инцидент“

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Низ светот местеле натпревари и мамеле обложувалници, Европол уапси 53 осомничени