Европјаните ќе ја почекаат вакцината на „Џонсон и Џонсон“ додека се проверува во САД

Од:

Американската компанија „Џонсон и Џонсон“ денеска соопшти дека ја одложува употребата на својата вакцина против коронавирусот во Европа, додека во САД се спроведува истрага за поврзаноста меѓу ретки појави на згрутчување на крвта и нејзината вакцина.

Компанијата ја објави одлуката откако центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) и американската Управа за храна и лекови (ФДА) препорачаа земјата да ја паузира употребата на вакцината на Џонсон и Џонсон против Ковид-19 откако беа пријавени шест случаи на „редок и тежок“ вид на згрутчување на крвта.

Разгледуваме случаи со европските здравствени власти, изјавија претставници на компанијата.

Донесовме одлука за проактивно одложување на употребата на нашата вакцина во Европа, додадоа од „Џонсон и Џонсон“.

Стотици илјади дози од оваа вакцина требаше да бидат доставени во Европа во следните недели.

Шесте пријавени случаи биле меѓу повеќе од 6,8 милиони дози на вакцината на Џонсон и Џонсон, администрирани во САД.

Сите шест случаи се случиле кај жени на возраст меѓу 18 и 48 години, а симптомите се појавиле 6 до 13 дена по вакцинирањето, се вели во денешната заедничка изјава на д-р Ана Шухат, главен заменик-директор на ЦДЦ и д-р Питер Маркс, директор на Центарот за биолошка евалуација и истражување при ФДА.

„ЦДЦ за утре свика состанок на Советодавниот комитет за практики на имунизација (АЦИП) за понатамошно разгледување на овие случаи и проценка на нивното потенцијално значење“, се вели во соопштението. „ФДА ќе ја разгледа таа анализа бидејќи ги истражува и овие случаи. Додека не заврши тој процес, препорачуваме пауза во употребата на оваа вакцина, првенствено поради претпазливост. Ова е важно и за да се осигури дека давателот на здравствени услуги во заедниците е свесен за можни вакви несакани појави и ќе може да планира правилно препознавање и управување, поради единствениот третман потребен со овој вид на тромб“.

Во изјавата на Џонсон и Џонсон за Си-Ен-Ен се посочува дека сите оние кои до три седмици по вакцинирањето имаат голема главоболка, болка во стомакот, болка во нога или недостиг на здив, треба да побараат медицинска помош.

Сепак, како што пренесува Си-Ен-Ен ваквите нуспојави се „екстремно ретки“, односно се случуваат една во милион.

Според Д-р Карлос дел Рио, извршен соработник декан на Медицинскиот факултет на Универзитетот Емори додаде дека згрутчувањето на крвта може да биде поврзано со тоа дека вакцината на Џонсон и Џонсон е вакцина против аденовирус – ист тип како и вакцината против коронавирус на Астра Зенека.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски