Европејците сакаат да знаат кој ќе биде кандидат за претседател на Европската комисија

Од:

Мнозинството од жителите на земјите-членки на ЕУ ќе бидат поподготвени да гласаат на европските избори во мај 2014 година, ако политичките партии ги истакнат нивните кандидати за претседател на идната Европска комисија, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Ова е резултатот од анкетата на Евробарометар, со која беа опфатени 27.000 лица од 28 земји-членки на ЕУ.

Претседател на Комисијата првпат идниот ќе биде биран од новоизбраниот Европски парламент, при што ќе се води сметка за резултатите од изборите.

Европските избори, вообичаено имаат рекордно низок одѕив на гласачите, а анкетата покажува дека 55 проценти од европските избирачи ќе бидат поподготвени да излезат на гласачките места од 22 до 25 мај, ако знаат кој е кандиадт на политичките партии за претседател на Европската комисија.

Истовремено 70 проценти од испитаните изјавиле дека во иднина би сакале тие директно да гласаат за претседателот на Европската комисија.

Европејците како најголеми предизвици за идните години ги навеле борбата против невработеноста, социјалната нееднаквост и јавниот долг.

Испитувањето покажува дека Европејците кога е во прашање идентитетот, тие прво го опишуваат повеќе како национална гледна точка, отколку европска, односно така одговориле 49 пртоценти од анкетираните, што претставува шест процентни поени повеќе во споредба со јуни 2012 година.

Интересно е и дека 72 отсто од испитаниците изјавиле дека она што ги приближува е послилно од она што ги разделува. Елементите кои се наведени за тој „европски идентитет“ се еврото за 42 отсто од анкетираните (со зголемена недоверба кај оние кои се од земјите-членки на еврозоната), слободата за 40 проценти, историјата за 27 отсто и културата за 26 проценти.

Исто како и во претходните испитувања на јавното мислење, 50 отсто од анкетираните тврдат дека тоа што се дел од ЕУ е позитивен елемент, додека 17 проценти сметаат дека членството во ЕУ е негативно за нивната земја.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ