Европарламентот ќе гласа за измените на законот за авторски права

Од:

Пратениците во Европскиот парламент, по двегодишни дебати, денеска ќе гласаат за закон што може да го промени односот на силите меѓу производителите на вести, филмови и музика и доминантните интернет платформи, кои нивни содржини ги ставаат на своите веб сајтови, а за тоа не плаќаат никаков надомест.

Иницијативата е покрената во 2016 година со цел да се ажурира законот за авторски права.

Иницијативата за промени во законот за авторски права е потпишана од директори на 18 европски новински агенции со барање Фејсбук и Гугл да се обврзат дел од приходите што ги остваруваат да им ги платат на новинските агенции чии содржини сега бесплатно ги користат.

Со приближувањето на датумот за гласање, како што наведува „Гардијан“, европратениците се „бомбардирани“ со милиони мејлови и телефонски повици. Некои од нив, како француската европратеничка Врижини Розиер, дури добиле и закани со смрт.

Шефовите на новинските агенции од Европа во иницијативата наведоа дека цел на иницијативата е да се запре „кражбата на содржини од информативни медиуми и на нивните приходи од огласувачи, зад која стојат интернет гиганти, претставувајќи закана и за потрошувачите и за деморкатијата“. Таквата состојба според нив, ги уништува независните медиуми.

Фејсбук и Гугл користат огромно количество вести и прилози од печатени медиуми и агенции и со тие содржини привлекуваат се поголем број огласувачи. Според предложените измени, тие во иднина ќе мора да одвојат еден дел од приходите за авторите на содржините.

Критичарите на иницијативата тврдат дека измените во законот ќе го уништат интернетот. Имајќи предвид дека амандманите се составуваат и преправаат до последен момент, крајниот исход од гласањето е неизвесен.

Би можело да ве интересира

МНР: Реагиравме до Европскиот парламент и грешкта е коригирана

Фон Крамон: Киев ќе ги добие ветените 50 милијарди евра

Европскиот парламент изгласа резолуција против Србија

Европските парламентарци бараат Србија да го екстрадира Милан Радоичиќ на Косово

А1он

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент го одложи гласањето за извештајот за Македонија

Европскиот парламент повикува на национален консензус за евроинтеграциите