Европарламентот ги зајакнува капацитетите на ЕУ во случај на елементарни непогоди

Од:

Европскиот парламент одлучи да го унапреди механизмот за цивилна заштита на ЕУ, чија задаче е справување со пожари, невремиња и поплави, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Целта на ова ново законодавство, договорено неформално со Советот на министри лани во декември, е да им се помогне на земјите членки на ЕУ подобро и побрзо да реагираат на природните и вештачки катастрофи со поефикасно споделување на цивилната заштита.

Законодавството, по барање на Парламентот, предвидува создавање на Резерва на ресурси, што ќе се состои од шумски противпожарни авиони, пумпи со голем капацитет, теренски болници и итни медицински екипи, за реагирање во сите видови на итни случаи. Овие средтсва ќе се активираат по одлука на Европската комисија, кога ресурсите на земјите членки нема да бидат доволни за да одговорат на непогодите.

Во преговорите со министрите на ЕУ, европратениците, исто така, успеаја да ја зајакнат новата европска мрежа за обука за цивилната заштита, со цел да се олесни соработката помеѓу сите актери на цивилната заштита, вклучително и млади професионалци и волонтери.

Текстот беше усвоен со 620 гласови „за“, 22 „против“ и 35 „воздржани“. Тој ќе стаои во сила по конечното усвојување од страна на Советот на министри и ќе се применува од следното лето.

Механизмот за цивилна заштита на ЕУ во моментов е заснован на доброволен систем, во кој Унијата ги координира доброволните придонеси на земјите членки во држава што ќе побара помош. Во последниве години, екстремните временски услови и други феномени ги зајакнаа капацитетите на земјите членки да си помагаат меѓусебно, особено кога неколку држави се соочуваат со ист тип на катастрофа во исто време. Во случаи кога помошта е ограничена или не постои, ЕУ сега нема резервни капацитети да им помогне на погодените земји членки.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески