Европа зафатена од голем топлотен бран

Од:

Повеќе лица починаа од последици од топлотниот бран, кој зафати многу делови од Европа. На земјоделски имот во шпанскиот град Кордоба почина 17-годишен работник откако се разладил во базен, а во Ваљдолид на улица почина лица на воасраст од околу 80 години, јави Би Би Си.

Топлотниот бран посебно ги погоди Шпанија, Франција и Италија. На одредени места измерени се 45 степени под сенка. Во многу европски земји беснеат пожари, а некои земји власти ги заострија ограничувањата за користење вода.

Најголем степен од опасности од горештини е прогласен во Италија, за денеска и утре. Волонтери делат вода на улиците на Милано, а властите излегоа со предупредување да не се излегува непотребно од домовите.

Полското земјоделство се соочува со суши. Вонредна состојба е прогласена во 10 региони, од кои дел претходно беше погоден од поплави, а сега од големи горештини.

Во шпанска Каталонија беснеа пожари на околу 10.000 хектари, а пожарникарите стравуваат дека горештините би можеле дополнително да го забрзаат ширењето на огнот. Во овие два дена, на одредени места температурата ќе достигне до 43 степени.

И во Германија температурите се високи, каде се измерени температури над 38 степени, поради што властите ги предупредија граѓаните да пијат многу течности и да носат лесна облека.

Во Велика Британија полицијата ги предупреди луѓето на опасност од разладување во реките и езерата откако се удави 12-годишно девојче во реката Ирвел.

Француската метеоролошка служба, по првпат, го активираше највисокото ниво на предупредување на горештини, а под посебен надзор се четири подрачја околу Марсеј и Монпеље на југот на земјата. Околу 4.000 училишта се затворени, а локалните власти ги откажаа програмите и карневалите кои традиционално се одржуваат на крајот на училишната година.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски