Европа ќе банкротира ако САД го напуштат НАТО

Од:

Доколку САД излезат од НАТО, Европејците за обновување на одбранбената способност на Алијансата ќе мораат да потрошат стотици милијарди долари, покажува анализата на германскиот весник „Франкфуртер алемајне цајтунг“.

Европа, според весникот, ќе мора да купува не само воени бродови за заштита на меѓународните води, туку и копнена опрема, како и авиони во случај на војна, на пример со Русија.

Весникот проценува дека финансиската загуба за Европа, во случај САД да го напуштат НАТО, би изнесувала околу 350 милијарди долари, за што сведочат податоците од извештајот на Меѓународниот институт за стратешки истражувања.

Воени експерти ги пресметале трошоците во две можни сценарија.

Според првото, Европејците ќе мораат да ја заменат целата американска техника која е предвидена за одбрана на меѓународните води во случај на вооружен судир. За тоа Европејците ќе треба да купат воени бродови и авиони во вредност од 94 до 110 милијарди долари. Шеснаесет најсовремени фрегати чинат меѓу 20 и 31 милијарда долари, а разорувачи за противвоздушна одбрана имаат вредност меѓу 19 и 21 милијарда долари.

Второто сценарио подразбира војна на копно, за што на Европа би и требале поголеми инвестиции. Според податоците на Меѓународниот институт за стратешки истражувања, трошоците се движат меѓу 288 и 357 милијарди долари. За купување 90 батерии за противракетен систем „Патриот“ на Европејците ќе им бидат потребни 78 милијарди долари, а ќе мораат да набават и борбени тенкови, воени бродови и авиони.

Би можело да ве интересира

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

Допис од НАТО покажува дека Ковачки бил одбиен за безбедносен сертификат, тој вели: Не сум бил одбиен, ниту сум го повлекол барањето

Александар Тодески

НАТО: Продолжуваме да ја поддржуваме Украина и да ја зајакнуваме одбраната, Русија е најголемата закана