Европа и Африка во потрага по компромис за вакцините

Од:

Самитот помеѓу лидерите на Европската и Африканската Унија (АУ) не донесе решение за барањата да се укинат патентите врз вакцините, но ЕУ се заложи за изнаоѓање компромис, јави дописничката на МИА од Брисел.

Овие два дена во Брисел се сретнаа лидерите на државите на ЕУ и АУ, 51 делегации од двата континенти разговараа за најгорливите теми во односите меѓу Европа и Африка, од безбедност, тероризам, миграција и Ковид-19.

Во Африка, како континент со најниска стапка на вакцинација, бројни гласови се кренаа да бараат укинување на фармацевтските патенти за вакцините, да се сподели технологијата на мРНА технологија за да можат земјите сами да ги произведуваат вакцините.

На самитот не беше постигнат компромис по ова прашање, но претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека сака до пролет да се дојде до договор.

-Имавме многу интензивна и конструктивна дискусија за укинување на ТРИПС, рече фон дер Лајен.

ТРИПС е акронимот за регулацијата на патенти.

За претседателката на Европската Комисија, ЕУ и АУ имаат иста цел – зголемување на стапката на вакцинација во Африка, но различни методи за да се стигне го таа цел и рече дека “мора да има мост помеѓу тие два начина“.

Европската Унија одбива да ги укине патентите, и покрај повиците на Јужна Африка, Индија, па и САД, и смета дека има други начини да се сподели технологијата со Африка како и да ги зголеми извозот и донациите до земјите на овој континент.

За да се изнајде тој компромис Комисиите на Европската и на Африканската Унија ќе одржат и заеднички Колеџ на комесари на пролет за да дискутираат за ова прашање.

-Европа сака да остане лојален партнер, тврди фон дер Лајен.

Невладините и хуманитарните организации изразија разочараност од исходот на овие дискусии за вакцините.

ОНЕ, мрежата за борба против сиромаштија, порача дека на овој самит се преземени неколку позитивни чекори како зајакнувањето на здравствените системи во африканските земји и инвестиции во испораката на вакцини, но дека тоа не е доволно и дека ЕУ не покажала вистински слух за потребите на Африка.

-Генералниот исход е разочарувачки, резултатите што ги гледаме не одат во насока на преземање одлучни мерки за да се стави крај на пандемијата, порачаа од ОНЕ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ