Европа цело лето ќе нема дерман од индискиот сој на коронавирусот, предвидува агенција на ЕУ

Од:

„Делта“-варијантата на коронавирусот, која е особено заразна, може да достигне 90 отсто присуство меѓу новите случаи на инфекција во Европската унија (ЕУ) до крајот на август, соопшти денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

– Многу е веројатно дека делта мутацијата на коронавирусот ќе циркулира во текот на летото, особено меѓу младите луѓе кои не се наоѓаат на списоците за вакцинација, изјави директорката на Центарот, Андреа Амон.

Иако „алфа варијантата“ на коронавирусот, претходно откриена во Велика Британија, сè уште е доминантна во Европа, европскиот центар предвидува дека „делта сојот“, првично пронајден во Индија, ќе претставува 70 отсто од новите инфекции во ЕУ до почетокот на август, и 90 проценти до крајот на истиот месец.

Европскиот центар, кој наведува дека „делта мутацијата“ е за 40 до 60 проценти позаразна од другите, повикува на забрзување на вакцинацијата.

Центарот, исто така, повика на претпазливост при укинување на мерките воведени поради пандемијата на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски