Евролидерите ќе бараат климатска неутралност до 2050 година

Од:

Емисиите на штетни гасови да бидат сведени на „нула“ до 2050 година. За таков договор ќе се разговара на средбата на евролидерите во Брисел во идната недела, јавија западни медиуми кои имале увид во нацрт документ.

Средбата на врвот на 12 и 13 декември на лидерие од Унијата ќе биде поддршка „на целта за постигнување климатски неутрална ЕУ до 2050 година“, според документот.

Претходните обиди беа блоккирани од Полска, Унгарија и Шешка кои нагласуваат дека климатската неутралност до 2050 година ќе им ги уништи економиите.

Во документот постои израз „праведен и социјалнно балансиран премин“ и се додава дека ЕИБ ќе деблокира еден билион евра за зелени инвестиции до 2030 година како и за потреба од гарантирање енергетска безбедност и конкурентноспособност.

Новата Европска комисија постави за цел климатска неутралност до средината на векот и сака да ги направи целите за климата на ЕУ до 2030 година поамбициозни. Сегашните цели до 2030 година се намалување на штетните гасови за 40 отсто во споредба со нивото од 1990 година. Новата ЕК, се надева да ја подигне таа цел до 50 отсто.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска

Марк Ангал е нов потпретседател на ЕП на местото на Ева Каили

А1он

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

А1он

ЕП ја разреши потпретседателката Каили

А1он

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска