Еврокомисија: Пет држави ги преземаат мигрантите од бродот „Опен Армс“

Од:

Пет држави од ЕУ ќе ги прифатат мигрантите од хуманитарниот брод „Опен Армс“, кој беше заглавен во водите во близина на италијанскиот остров Лампедуза, изјави портпаролката на Европската комисија Тов Ернст.

Шпанија, Франција, Германија, Луксембург и Португалија ќе испратат тимовикои ќе ги регистрираат и интервјуираат мигрантите, ќе ги извршат потребните проверки и аранжмани за нивно пренесување.

– Пренесувањето на мигрантите во други земји на ЕУ ќе трае малку подолго од неколку дена, рече Ернст. Таа дополни дека ЕК ќе стори сè што може за да помогне и да овозможи тие процедури да бидат спроведени што е можно побрзо.

Мигрантите, кои најголем дел се од Африка, вчера беа евакуирани од бродот по налог на италијански обвинител. Обвинителството вчера наложи заплена на бродот „Опен Армс“, како и итна евакуација на сите бегалци на бродот.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он