Еврил Хејнс: Путин се подготвува за продолжен конфликт во Украина за време на кој се уште има намера да постигне цели надвор од Донбас

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин нема да ја заврши војната во Украина со кампањата во Донбас и е решен да изгради копнен мост до Приднестровие, нагласи денеска директорката на Националното разузнавање на САД, Еврил Хејнс.

„Сметаме дека претседателот Путин се подготвува за продолжен конфликт во Украина за време на кој се уште има намера да постигне цели надвор од Донбас“, рече Хејнс.

„Путин најверојатно смета дека Русија има поголема способност и подготвеност да издржи предизвици од неговите противници, и тој веројатно смета на решителноста на САД и ЕУ да ослабат бидејќи недостигот на храна, инфлацијата и цените на енергијата се влошуваат“, нагласи Хејнс на сослушување во Сенатот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кулеба го повика Западот да испрати системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина

Горан Наумовски

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Политико: На Украина очајно и требаат војници

(ВИДЕО) Силни експлозии во Киев

Горан Наумовски

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

Одеса остана без струја, цел беше и регионот на Миколаев