Ево Моралес се закани со затворање на Амбасадата на САД во Ла Паз

Од:

Боливскиот претседател Ево Моралес се закани со затворање на Амбасадата на САД во Боливија, обвинувајќи ги американските власти дека тие извршиле притисок врз неколку европски земји да музабранат прелетување на неговиот службен авион преку нивната територија.

– Рацете нема да ми се затресат, за да потпишам одлука за затворање на американската Амбасада во Ла Паз, изјави Моралес по набрзана свиканиот Самит на јужноамериканските земји, што се одржа во боливискиот град Кочабамба.

На самитот покрај боливискиот претседател, присуствуваа и лидерите на Аргентина, Венецуела, Еквадор, Уругвај и Суринам. Сите му изразија силна поддршка на Моралес, по инцидентот во Европа, но во официјалното соопштение од самитот не се споменуваат САД.

Инцидентот се случи во вторникот, кога на службениот авион на Моралес му беше забранет прелет над Франција, Португалија, Италија и Шпанија.

Моралес се враќаше од една меѓународна конференција во Москва, па посотеше сомнеж дека во неговиот авион се наоѓа и Американецот, Едвард Сноуден кој е во бегство, откако американските власти го прогласија за шпион и побара од своите сојузници да не му даваат азил.

Авионот со боливискиот претседател слета во Австрија, каде подоцна беше и претресен. Откако во него не беше најден Сноуден, авионот го продолжи патувањето откако Шпанија се согласи да дозволи прелет над нејзината територија. Франција подоцна се извини за инцидентот.

– Имаме и достоинство и суверенитет, а без САД сме и подобри, како политички, така и демократски, изјави Моралес по самитот во Кочабамба.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Каков хаос: Фудбалот стана ватерполо-судијата го продолжи мечот за 42 минути сред невреме

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се изгубил во џунгла и преживеал 31 ден: Пиел дождовница и јадел црви

Катерина Ѓуровски

Поранешната боливиска претседателка осудена на 10 години затвор

Најмалку 12 лица загинаа во поплави во Боливија

А1он

Речиси 150.000 хектари шума уништени во пожари во Боливија

А1он

Поранешниот боливиски лидер Ево Моралес позитивен на коронавирусот

Ана Ололовска