ЕУ: Жалиме што Кина го одобри безбедносниот закон за Хонг Конг

Од:

Европската унија изрази незадоволство поради денешната едногласна одлука на кинескиот Парламент да го усвои законот за национална безбедност за Хонг Конг.

– Жалиме поради ваквата одлуката на Кина, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел за време на видео разговорот со јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен истакна дека ЕУ внимателно ќе разгледа како да одговори на кинеската одлука.

Хонгконг во 1997 година е вратен под кинеска управа според принципот „една земја, два система“, со кој е гарантиран повисок степен на автономија отколку во останатиот дел на Кина.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ