ЕУ жали за курдскиот референдум, повикува на единство

Од:

Европската Унија изрази жалење за референдумот за независност што се одржа во ирачката област Курдистан и повика на единство во Ирак со цел да се постигне заемно прифатливо решение.

– Европската Унија ги повикува сите страни да бидат смирени и воздржани и да ја обноват својата посветеност, сите отворени прашања во политичкиот и економскиот спекар да се решаваат со мирен и конструктивен дијалог кој ќе води до заемно прифатливи решенија во рамките на ирачкиот Устав, гласи официјалниот став на Европската Унија, пренесе германската новинска агенција ДПА.

На референдумот што се одржа вчера, мнозинството Курди гласаа за независност од Ирак, што предизвика реакции во Багдад, Техеран и Анкара. Европската Унија, во своето соопштение додава дека “доследно дава полна поддршка на единството, суверенитетот и територијалниот интегритет на Ирак”, како и дека повикувала референдумот да биде откажан.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он