ЕУ за забрана на извоз на оружје за Турција

Од:

Советот на ЕУ за време на состанокот во Луксембург ја повика Турција да ја прекине воената акција во североисточниот дел на Сирија, а земјите членки да ја разгледаат опцијата за прекин на извоз на оружје за Анкара.

– Имајќи го предвид фактот дека во тек е турска воена операција со големи последици, ЕУ потсетува на одлуката на некои земји членки веднаш да го спречат извозот на оружје наменет за Турција, се наведува во заклучоците на Советот на ЕУ.

Министрите оценија дека турската воена акција претставува сериозно поткопување на стабилноста и безбедноста на целиот регион, а Советот на ЕУ најави состанок на работните групи кои ќе ги координираат позициите на земјите членки на Унијата во процесот на прекин на извоз на оружје за Турција.

– ЕУ останува посветена на единството, суверенитетот и територијалниот интегритет на сириската држава, се наведува во заклучоците.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски