ЕУ за организирање видео донаторска конференција за средства за вакцина против Ковид-19

Од:

Претседателите на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и на Европскиот совет Шарл Мишел за време на разговорот со лидерите на Г20 ја истакнаа потребата за итен, масовен и координиран глобален одговор на кризата со Ковид – 19.

На видео конференцијата, лидерите на најголемите светски економии ветија дека ќе се обединат и ќе им дадат приоритет на напорите за решавање на здравствените, социјалните и економските последици на пандемијата.

Во соопштение на претседателите на Европската комисија и Европскиот совет, по разговорот со лидерите на Г20, се изразува благодарност за меѓународната солидарност укажана на Европа, која во моментов е во „епицентарот на глобалната криза“.

Нагласено е дека токму Г20 има клучна улога во координирањето на глобалниот одговор на Ковид-19.

– Претседателите инсистираа на тоа дека Г20 треба да ги координира нивните макроекономски политики, мобилизирајќи ги сите расположиви инструменти за ублажување на економската криза, поддршка на работниците и компаниите кои се најпогодени, се вели во соопштението.

Се додава дека ЕУ ги повикала членките на Г20 да си помогнат една на друга во враќањето на странските државјани кои сакаат да се вратат дома.

Исто така се заклучува дека Европа е подготвена да организира интернет донаторска конференција со цел собирање средства за развој и имплементација на вакцина против Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески