ЕУ воведува уште построги санкции против Белорусија

Од:

Европската унија планира да ги зајакне санкциите против Белорусија откако властите на земјата принудија авион на Рајанер да слета и уапсија опозициски активист и неговата партнерка, изјави хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман по денешниот состанокот со колегите од ЕУ во Лисабон.

– Се согласивме да ја забрзаме работата на санкциите. Четвртиот пакет во рамките на постојниот режим на санкции се подготвува, изјави Грлиќ Радман за Хина.

ЕУ планира да направи дополнителен список на лица и субјекти под санкции, а според хрватскиот министер за надворешни работи, исто така, разгледува и нови мерки „кои допрва ќе се разработуваат и кои ќе траат некое време“. Тој не откри други детали.

Белорусија не требаше да биде тема на неформалниот состанок на 27-те министри за надворешни работи на ЕУ собрани во Лисабон, но со оглед на актуелните настани околу принудното слетување на авионот на Рајанер, беше ставена на дневен ред.

Португалија, која претседава со ЕУ уште еден месец, е домаќин на состанок на министрите за надворешни работи познат како „Гимних“, именуван по германски замок каде што беше организиран првиот ваков неформален собир во 1974 година. На овој тип состаноци, европските министри за надворешни работи дискутираат за глобални прашања од значење за ЕУ во порелаксирана атмосфера.

Би можело да ве интересира

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Добитниците на Нобеловата награда бараат ослободување на политичките затвореници во Белорусија

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

Москва одговори на американските санкции, „рампа“ за повеќе од 200 Американци

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје