ЕУ воведе нови правила за Шенгенскиот информативен систем

Од:

Од денеска во ЕУ стапуваат во сила новите правила во функционирањето на Шенгенскиот информативен систем, соопшти Европската комисија.

Со промените се предвидува земјите од ЕУ задолжително во системот да внесуваат податоци за сторителите на терористички дела. До крајот на 2019 година, ќе се воведе обврска државите да го известат Европол секогаш кога системот ќе евидентира лице кое претставува терористичка закана.

Во следните три години, системот на Шенген постепено ќе започне да дава податоци за кривични дела чии сторители се непознати. Исто така, се планира воведување дозволи за земјите-членки на ЕУ да протеруваат странци кои се без право за легален престој. Од државите ќе се бара во системот да внесуваат податоци за државјани на земји кои не се членки на ЕУ, а на кои им е забранет влез во Шенген зоната.

Европската комисија забележува дека промените ќе ги пополнат празнините во следењето и спречувањето на активноста на криминалците. Минатата година европските безбедносни служби во Шенгенскиот систем извршија повеќе од пет милијарди проверки.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески