ЕУ во карантински услови одбележува 70 години од формирањето

Од:

Eвропската унија денеска ја одбележува 70-годишнината од основањето без поголеми прослави поради карантинските мерки воведени во рамки на напорите за спречување на ширењето на новиот коронавирус на поголем дел од континентот.

Институциите на ЕУ планираа да ги отворат своите врати пред јавноста, како и обично на 9 мај, за да го прослават потпишувањето на Декларацијата на Шуман, што се смета за основачки документ на Унијата. Сепак, тие беа принудени да се прилагодат на новите услови на здравствената криза.

Европскиот парламент го одбележува денот преку онлајн сесии и изложби.

Претседателот на Европскиот парламент Дејвид Сасоли ги покани за учество организациите кои „придонесуваат секој ден за промена и подобрување на животните услови на најранливите“.

Европската комисија ќе спроведе дијалози преку интернет со граѓаните за клучните моменти на интеграцијата во ЕУ и иднината на унијата.

Декларацијата, именувана по тогашниот француски министер за надворешни работи Роберт Шуман, повика на создавање на Европската заедница за челик и јаглен.

Оваа година свеченостите ќе се одвиваат со невообичаена позадина. Во екот на пандемијата, најсилно погодените јужни земји како што се Шпанија и Италија се пожалија на недостиг на солидарност од северните партнери на Унијата, како што се Германија и Холандија.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

Европската унија привремено ги укина царините за храна од Украина

Катерина Ѓуровски

Голем дел од Палестинците кои настрадаа во масакрот чекајќи храна се убиени од Израелците

Катерина Ѓуровски

Европската унија воведе рекордни санкции против Русија