ЕУ утре ќе го слави Денот на Европа, а службениците ќе штрајкуваат

Од:

Европската унија утре во Брисел, но и во главните градови на земјите-членки, свечано ќе го одбележи Денот на Европа.

Но, како што јави дописникот на МИА од Брисел, додека челниците и комесарите на Унијата ќе прославуваат, администрацијата од институциите на ЕУ на улица ќе протестира против воведувањето на новиот правилник за плати.

Службениците во европските институции и денеска протестираа пред зградата на Европскиот совет каде КОРЕПЕР групата (амбасадорите на земјите-членки на ЕУ), треба да донесат одлука со која на ирското претседателство со Унијата ќе мусе даде задача низ преговори со Синдикатот да се усогласи новиот правилник за вреднување на вработените во институциите на ЕУ.

– Нашиот предлог е зголемување на работните часови на 40 часа неделно, додека земјите-членки предлагаат 60-процентно кратење на платите во администрацијата во наредните 15 години. Во секој случај, штрајкот не е против предлогот на Европската комисија, туку против предлогот на земјите-членки, истакна Антон Гравили, портпарол на Директоратот за внатреинституциски односи и администрација.

Според Гравили, ако денес КОРЕПЕР го довери мандатот на ирското претседателство со ЕУ и преговорите почнат во понеделни, тогаш има големи шанси да се постигне договор пред летните одмори, но ако тоа не се случи, тогаш до септември ќе опстои ваквата ситуација.

Пиа Аренкилде-Хансен, шеф на прес-службата на претседателот на Комисијата, Жозе Мануел-Барозо, пак, додаде дека во понеделникот првиот човек на ЕК, со претседателите на Европскиот парламент, Мартин Шулц и на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј, се договориле да не се отвора целосно пакетот во однос на бројките за трошоците на администрацијата, туку бројките да се усогласат во рамки на идната повеќегодишна финансиска рамка на Унијата за периодот од 2014 до 2020 година.

Како што е познато, утре ќе биде одбележан Денот на Европа, што ЕУ го слави во чест на декларацијата на поранешниот француски министер за надворешни работи Роберт Шуман од 1950 година, со која беше прогласена нова форма на организација на државите на „стариот континент“ наречена супранационална заедница.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

ВИДЕО: Објавени сателитски снимки од движењето на бурата над Европа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Силната бура што ја погоди Европа однесе жртви од Холандија до Италија

Катерина Ѓуровски