ЕУ со предупредување до Лондон поради неназначувањето еврокомесар

Од:

Европската комисија денеска испрати писмо со официјално предупредување до Велика Британија, со што почна постапка против неа поради неименувањето кандидат за новиот состав на тоа извршно тело на ЕУ.

„Европската комисија денеска испрати официјално писмо до Велика Британија поради кршење на обврските од Договорот за ЕУ, односно бидејќи не номинираше кандидат за функцијата комесар на ЕУ“, велат од Комисијата.

Лондон има рок до 22 ноември да одговори на писмото.

Новата Европска комисија би требало да стапи на должност на 1 декември.

Британскиот амбасадор при ЕУ Тим Бероу вчера ја известил Европската Комисија дека Лондон нема да понуди британски еврокомесар пред 12 декември.

Избраната претседателка на ЕК, Урсула фон дер Лајен, побара од британската Влада да предложи комесар, согласно европските повелби, бидејќи земјата е сѐ уште формално членка на ЕУ најмалку до 31 јануари 2020.

Меѓутоа, британските закони не дозволуваат назначување на високи функционери во меѓународни организации во предизборен период. Изборите се закажани за 12 декември, а Брегзит треба да се случи на 31 јануари 2020.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ