ЕУ се противи на смртната казна во САД

Од:

Дипломатската служба на ЕУ реагираше на најавата да се продолжи со федерални егзекуции во САД.

Одлуката на американското министерство за правда повторно да се наврати на праксата на смртна казна на федерално ниво после седумнаесет години е против вредностите на Европската Унија, реагира дипломатската служба.

-Оваа одлука е спротивна на општиот тренд во САД и во светот да се укине смртната казна, во закон или во пракса. Европската Унија силно се противи на смртната казна било кога и во било кои услови. Таа е сурова, нечовечка и деградирачка казна, некомпатибилна со неотповикливото право на живот, таа не спречува криминално однесување и е неповратна, стои во реакцијата на ЕУ да се вратат федералните егзекуции на 13 јули годинава.

Би можело да ве интересира

Девојче го нашле мртво во голема цевка, мајката очајна го тужи хотелот

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана