ЕУ: Руските власти да спроведат независна и транспарентна истрага за труењето на Навални

Од:

Прелиминарните резултати од испитувањата на Универзитетската болница Шарите во Берлин укажуваат дека лидерот на руската опозиција Алексеј Навални бил отруен за време на престојот во Сибир, изјави вечерва министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел.

Во писмена изјава Борел потенцира дека ЕУ го осудува она што се чини дека е напад врз животот на Навални.

Тој ги повика руските власти веднаш да почнат независна и транспарентна истрага за труењето на Навални.

– Рускиот народ, како и меѓународната заедница, ги бараат фактите зад труењето на господинот Навални. Тие што се одговорни мора да одговараат, рече Борел.

Шефот на дипломатијата на ЕУ посака брзо и целосно закрепнување на рускиот опозициски лидер, кој беше префрлен во Берлин на лекување.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски