ЕУ повикува на прекин на огнот во Сирија

Од:

Европската унија ги повика сите страни во сирискиот судир на неодложно прекинување на непријателставата во провинцијата Идлиб.

-Обновената воена офанзива во Идлиб од страна на сирискиот режим и оние кои го подрржуваат предизвикуваат големи човечки страдања и тоа е неприфатливо. ЕУ ги повикува сите страни неодложно да ги прекинат непријателставата, се порачува во соопштението на Европскиот совет.

Лидерите на 27 земји членки на ЕУ, исто така, ги повикаа судрените страни во Сирија да ја гарантираат заштитата на цивилите и во целост да ги исполнат ветувањата искажани во Меморандумот од Сочи од 17 септември 2028 година, пренесуваат агенциите.

Унијата истакнува дека е подготвена да ја зголеми својата помош за најзагрозените жители во Идлиб и повика на одржлив прекин на огнот, за да се овозможи „непречен и директен хуманитарен пристап“ до загрозеното население, наведуваат американските медиуми.

Лидерите на Германија и на Франција, Ангела Меркел и Емануел Макрон вчера го повикаа рускиот претседател Владимир Путин за да му ја изразат својата загриженост за хуманитарната ситуација во Идлиб и повикаа на завршување на тамошниот судир.

Меркел и Макрон му кажале на Путин дека се подготвени да се сретнат со него и со турскиот претседател Ердоган за да се постигне политичко решение на кризата во Сирија.

Москва и Анкара, кои поддржуваат различни страни во деветгодишниот судир во Сирија, во разговорите не успеаја да постигнат компромис и да ја надминат директната конфронтација во провинциите Алепо и Идиб, наведуваат британските медиуми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија на пазар во Сирија, најмалку седуммина мртви и 30 повредени

Израел нападна сириски град, 38 загинати

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

ВИДЕО: Израел го нападна Дамаск

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје