ЕУ подготвува обврски за дигиталните компании во борбата против дезинформациите

Од:

Фејсбук, Гугл и другите технолошки гиганти мора да вложат повеќе напори за да ги ограничат што е можно повеќе материјалните придобивки од ширењето дезинформации преку реклами, смета Европската комисија.

Платформите треба да ги заострат критериумите за објавување содржини, а мора и построго да ги анализираат во случај на монетизација и делење приходи од реклами за да ги блокираат актерите кои систематски објавуваат текстови обележани како дезинформации, се вели во документот на ЕК во кој имале увид некои светски агенции.

Истите обврски ќе важат за помалите социјални мрежи и услуги за пребарување, размена на пораки и рекламирање, како и за компаниите за дигитално рекламирање, агенциите за комуникација и компаниите за плаќање преку Интернет.

Тоа исто така би вклучило компании за плаќање преку Интернет, платформи за онлајн трговија и системи за „краудфандинг“, покажува нацрт-предлогот на ЕК.

Компаниите за дигитално рекламирање, од друга страна, треба да постават критериуми за поставување реклами и да ги проверат страниците на кои се поставени, предлага ЕК.

Политичките реклами треба јасно да бидат означени како платена содржина, додава Брисел, скицирајќи ги и клучните показатели за почитување на критериумите со цел властите да можат да проверат дали компаниите ги исполнуваат своите обврски.

Брисел со тоа сака да ги отстрани недостатоците во сегашниот доброволен кодекс за сузбивање на дезинформациите од 2018 година, кој го прифатија Гугл, Фејсбук, Твитер, Мајкрософт, Мозила и ТикТок.

– Кодексот не обезбеди доволен напредок, особено во демонетизацијата на дезинформациите, бидејќи интернет рекламите продолжуваат да го поттикнуваат ширењето дезинформации, заклучува Комисијата во документот.

Ажурираниот кодекс ќе биде претставен пред јавноста на 26 мај, а компаниите ќе имаат рок до крајот на септември да ги презентираат своите предлози.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески