ЕУ почна кампања против сексуалната експлоатација на децата на СП во Бразил

Од:

Европската унија почна кампања против сексуалната експлоатација на децата во текот на Светското фудбалско првенство во Бразил.

На чело на кампањата, под називот „Не ги затворај очите“, се големите бразилски асови Кака и Жунињо Пернамбукано.

Бразилските власти се загрижени поради опасноста од раст на т.н. „сексуален туризам“ и малолетничката проституција, која со себе ја носи овој глобален настан.

Проектот на ЕУ подразбира оддржување семинар наменет за локалните организатори во сите градови на Бразил во кои ќе се играат натпреварите од Мундијалот.

Оваа програма ја вклучува и акцијата што ја почна бразилската Влада под името „Повикај го бројот 100“, линија што е отворена за да се пријават евентуални случаи на сексуална експлоатација на малолетници.

Во Бразил не постои официјална статистика за малолетничката проституција, туку само податоци од „хотлајн“ линиите, кои зборуваат дека само во 2013 година од 124.000 повици дури 26 отсто биле пријави за насилство врз децата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гори зграда од 28 ката во Бразил

Горан Наумовски

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Заложничка драма во Бразил, двајца се тешко ранети

Горан Наумовски

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он